• Tudence
  • Sv.Petka
  • Sv.Gjorgjija Pobedonosec

Историја и местоположба


Историја


Во отоманските даночни регистри од 1626-1627 година е обележано селото Туденце со 32 домаќинства. Во 1900 година Туденце има 285 жители, а во 1929 година Туденце има 82 куќи со 625 жител. Според пописот од 2002 година, Туденце има 431 жители.

 Националност   Жители 
 Македонци      431
 Албанци          0
 Турци          0
 Роми          0
 Власи          0
 Срби          0
 Бошњаци          0

Местоположба


Туденце лежи во Полошката котлина и се наоѓа на 13 километри од Тетово, во подножјето на планината Жеден. Спаѓа под општина Јегуновце и како и поголемиот дел од селата во оваа општина е од збиен тип и до селото се стигнува по асфалтиран пат од сите страни. Населението од ова село како и поголемиот дел од населението во овој крај се занимава со одгледување на земјоделски растенија. Главно се одгледува пченка, грав и компир.